Колку пари да однесете на свадба – за пријатели и до 300 евра, а еве која сума повеќето ја сметаат за минимум
Есента е време за свадби, а гостите повторно ги мачи прашањето – колку пари да стават во пликот? Додека едни се водат по правилото „давам колку што чини порцијата“, други сметаат дека е пристојно да се даде нешто повеќе. Сепак, не постои норма која одредува колку треба да се одвои од паричникот, а некои младенци признаваат дека добиле дури и празни пликови.
Едно лице за малку ќе се откажало од свадба. Причината, како што вели за Телеграф, е што не може да стави повеќе од 100 евра во пликот.
– Решив да ја пропуштам свадбата. Денеска стана срам да се стават само 100 евра во плик. Без 200 не се оди на свадба, а јас во моментов немам толку – ни вели таа.
Од друга страна, има и такви кои сметаат дека 100 евра се сосема пристојна сума. Имено, тие се водат од тоа колку чини столчето. Ако нивното место вреди меѓу 40 и 50 евра, тогаш 100 се доволни за да се покријат што јадат и пијат, но и на младенците да им остане нешто.
Други пак сметаат дека доколку се „плус еден“ на свадбата треба да дадат помалку од поканетиот, додека според некои правила тој што е придружник не треба да дава пари. Но, има и такви кои за свадби издвојуваат суми еднакви на нечија плата.
– Минимумот е 200 евра. Зависи од тоа колку сум близок со личноста кај која одам. Ако сум познаник 200, ако сме блиски 300, а за кум ни помалку ни повеќе 500 евра – вели белграѓанец.
Како што ни раскажуваат младенците кои речиси решиле да ја официјализираат својата љубов, целата свадбена подготовка е повеќе болка отколку задоволство. Невестите објаснуваат дека потрагата по венчаница трае долго, а цените се фрапантни. Од друга страна, најмногу невестата се грижи за украсувањето и тортата, но тука е и шминката и фризурата кои се закажани со месеци, а во некои случаи и една година однапред.
Сепак, повеќето од нововенчаните парови ни велат дека по венчавката биле во плус. Некои и до 5.000 евра.Како што објасни за Телеграф.рс социологот Јелена Радовиќ, се зависи од делот во кој живееме, како и од тоа што кумовите всушност не се обврзани да даваат пари за прославата.
– Во никој случај кумовите не се обврзани да даваат пари, да платат за свадбата. Се е на ниво на индивидуален договор и некаква традиција која се почитува во одредени региони. Никој не е должен на секој што ќе се ожени да плати ништо или да поднесува туѓи трошоци – наведува таа.
Но, тогаш се поставува прашањето – ако нашите блиски пријатели не избрале за кум или кума и ни ја дале честа, дали е правилно од наша страна да не учествуваме во трошоците? Јелена Радовиќ вели дека дефинитивно е, затоа што кумот се бира од срце, а не поради паричникот.