Лила Филиповска за прват јавно проговори за борбата со кaнцepoт: Дали е ова мојот крај, уште колку имам
Познатата ТВ водителка Лила Филиповска е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за најуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.
Нејзината популарност до израз доаѓа со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“.
Повеќе од една деценија секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.
Освен тоа имаме прилика да ја гледаме секој ден во забавното шоу „Се или нешто“, Лила е активна и на социјалните мрежи на кои што рекламира одредени модни брендови, козметички произови, патувања, накит.
Неодамна Зоки Фаци, нејзиниот добар пријател за првпат објави јавно дека Лила се бо ри со кан цер, но не сакаше повеќе да зборува.
Сега дојде редот Лила да собере храброст и реши дека е погоден момент да прогороври на оваа тема во интервју за „Убавина и здравеје“
„Сега се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека кан церот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства.
На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа.
Кога ќе помислев колку многу жени го поминале или го поминуваат мојот пат, си велев дека не морам сега да ги заморувам луѓето со мојот здравствен проблем.
Што би се случило кога сите би давале интервјуа за своите проблеми?! Од друга страна, пак, веќе 25 години ја споделувам мојата интима со публиката, раскажувам за моите патувања, препорачувам производи и сметав дека е чесно да кажам дека се соочувам со сериозен здравствен проблем, дека ми дијагностицираа кан цер на до јка и дека болеста не избира!
Знаете, кога ја слушнав дијагнозата, бев во тотален ш ок! Можеби и ќе вриснев, но останав без глас.
Првата помисла ми беше: дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Потоа се сетив колку многу жени има што ги познавам и кои излегле како победници.
Ми поминуваа разни мисли, но, за среќа, тоа траеше кратко. Само зедов здив и ја прашав мојата пријателка, доктор Вики: Што прво треба да се направи? Од каде да почнам?
Се фокусирав на патот што ме очекуваше и се трудев да размислувам позитивно. Среќна сум што имам неколку добри, вистински пријатели кои ми се како семејство, кои беа покрај мене и ми го олеснија патот. Бескрајно сум им благодарна, изјави за „Убавина и здравеје“ каде во целост може да го проследите нејзиното интервју.