Лука од Куманово: Сакам куќа и моја соба со маса, кревет и компјутер – тоа ми е најголема желба
Зоран Маринковски е од Куманово, но во родната куќа живее многу тешко со семејството. Пред 20-тина години се жени со Магде со која создава четири деца, од кои за жал повеќето се со посебни потреби. Две ќерки веќе му се мажени, а двете деца кои живеат со нив живеат во многу тешки услови. Куќата во која живеат е во очајна состојба. Пренатрупана со нефункционални работи, неизбелена со децении, темна и претесна за волку луѓе.
Причината ќе каже Зоран е сиромаштијата и долгот за струја што неговите родители го направиле одамна, па денес од неговата скромна минимална плата, тој мора да отплаќа стар долг, нов долг, останати обврски, да купува скапи лекови за децата, лекови за него, храна… и, платата за неколку дена од земањето станува минато. Го загрижува здравствената состојба на децата, тешкиот живот и сиромаштијата и се бори со солзи секогаш кога тие ќе му побараат за да не се разликуваат од другите деца. Сепак, ќе рече било каква помош за да му се олесни животот негов и на децата би му била и повеќе од потребна, зашто ниту може да им ги гледа солзите, ниту сака да дозволи да патат како што пателе до сега.
Зоран е роден во Куманово, и се уште живее во куќата од неговите предци, каде и пораснал со полубраќата, татка си и маќеата. Има 59 години и повеќе хронични болести. Болна е и неговата сопруга Магде која за жал му раѓа четири деца со пречки во развојот. Додека тој се труди да спечали за леб, таа ги растела децата и по дожд ги чекала надвор само тие да стекнат образование. Куќата во која денес живеат во две соби е неизвесно место за нив. Бидејќи таа не е е поделена од таткото на Зоран, кој му оставил и огромен долг за струја од 2009-та година и тој мора да го отплаќа од минималната плата. Па, затоа овој човек ќе рече: „Сите ми се чудат како преживувам. Иако, некогаш не останува ниту за леб, ако треба јас само вода ќе пијам, ама на моите деца денес мора да им донесам храна за да го поминат денот„.
-Сиот живот сум во оваа куќа во која пораснав со татко ми, полу браќата и маќеата. Со нив живеев се до нивната смрт, но татко ми не ја препиша книгата, и сега дел имаат и моите полубраќа. Куќата е мала, не може да се подели , а и да се продаде, од приходот на четири дела би ми останале само 10000 евра. Што ќе правам со тие пари, ќе треба да останам со семејството на улица-вели Зоран.
Последниве години на Зоран и неговото семејство му се најтешки. Живее без надеж и без волја. Куќата од сите страни тече и се распаѓа. Но, според можностите и ја одржувал до сега. Поважно ми е денес да донесам храна, отколку да удрам шајка во неа-ќе рече тој.
Но, куќата од сите страни попушта, тече и веќе не е соодветно место за ова семејство. Затоа, Зоран ќе рече: Куќава и да се направи, таа не е на мое име, утре може браќата ќе ми ја земат. И, да се продаде ќе земам 10000 евра, а со таа сума што ќе правиме, ќе останеме на улица. Затоа, спасот ми е само нов дом, нова куќа каде може и синот утре ако се ожени да има каде да живее, но, и ќерката која е со попреченост да има своја соба за никој да не ја малтретира-ќе заврши овој загрижен татко.
-За жал и децата ми се родија со попреченост. Тешко ги одгледав. Двете девојчиња ми се омажија, а и син ми Лука не е добар прима терапија и учи во средно училиште, и девојчето исто, не знае ниту да зборува е во лоша состојба. Работам само јас и што повеќе од една просечна плата. Дали долгот за струја од родителите кој е огромен и е од 2009 година, дали други обврски, дали да земам храна за децата. Сите ми се чудат како излегувам на крај. А, децата си бараат, посебно Лука кој оди на училиште и гледа како другите живеат- ќе заврши Зоки.
-Многу ни е тешко. Јас за да ги носам децата во специјално училиште по 8 години сум седела надвор на студ и на дожд и така се испоразболев. Денес, плаќаме долг за струја и парите од платата на Зоран за ништо не стигнуваат. Често остануваме и без храна-ќе каже Магдалена сопругата на Зоран.
-Сакам убава куќа и моја соба со маса, кревет и компјутер. Тоа ми е најголемата желба. Сакам кога ќе пораснам да завршам и факултет за автомобили и да работам и бидам богат-ќе каже младиот Лука за Срце на Дланка.
Можеби имаме поголема моќ, титула и позиција во општеството од некои луѓе. Но, обичните луѓе не го гледаат то. Тие гледаат само дали сме или не сме луѓе. Дали нашето лице е насмеано или расплакано. И, дали нашата рака е стисната во џебот или подадена кон сиромавиот.
Доколку сакате да помогнете на семејството на Зоран та можете да го направите на неговата жиро сметка 210501722725287 или на неговиот телефонски број 075283800.