Македонскиот доктор мораше да си замине од Македонија: Чао татковино
Доктор Горан Трајковски е млад лекар, специјалист интернист во Баварија кој како и многу наши медицински лица реши среќата да си ја побара надвод од границите на нашата држава.
Горан важи за доста популарен доктор на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде секојдневно споделува искуство и дели совети.
Има илјаднции следбеници, но секогаш е достапен за сите прашања кои ги имаат за него, близок е со нив и прикажува бројни приватни моменти од неговиот живот.
Не е тајна дека доктор Горан имаше споделено за својата Македонија:Истото сонце е, ама не е исто. Денес ќе го видам сонцето што ме порасна, македонското сонце, ме грее поинаку…Возбуден сум многу. Дома сум, напиша тој.
Д-р Горан е семеен човек, во брак е со сопругата Александра со која го имаат синот Себастијан. Тој и Себастијан краток период беа во Македонија, но поради работните и личните обврски мораа да си заминат аз кратко.
Докторот на заминување објави како се спакувале, а не пропушти ни фотографија од аеродромот каде напиша: Чао татковино, до следно видување.