Македонско – Бугарски дуел во „Звезде гранда“: И жирито не знаеше што да одлучи, па следеше неочекуван епилог
Маестрален дуел во „Ѕвезда Гранда“ приредија Омар Џеферовски од Македонија и Јанко Јанков од Бугарија, па изедначениот резултат доведе до пеење акапела.
Резултатот од 6:6 беше доволен Саша Поповиќ да ги натера кандидатите повторно да пеат во живо, но без матрицата.
На крајот од настапот на акапела, жирито пресуди 4:2 во корист на Бугаринот Јанко, а Марија Шерифовиќ не можеше да не го коментира овој фантастичен дуел, но и да упати една критика.
– Не можам да кажам дека баражот одлучи, навистина не ми беше сеедно бидејќи и двајцата треба да продолжат понатаму. Вториот кандидат ја соши втората песна, а кандидатот број еден е многу талентиран, се е убаво, но има една работа што не ми се допаѓа. Се кара додека пее – рекла Марија и го прашала дали некогаш сакал.