Матурантката Миа од Скопје по она што и се случило: Дали е ова нормално, ќе бидам уште една од оние кои мораат да земат билет во еден правец
Матурантската Миа Чичкариќ од Скопје сподели емотивен статус на својот фејсбук профил во кој вели:
Последниве години слушав за низа неправилности и разни препишувања коишто се случувале за време на полагањата на државна матура.За жал годинава тоа го доживеам и на сопствена кожа.
Крајно разочарана сум од резултатите и исходот од државната матура.Јас сум ученичка,којашто 4 години бев со просек 5.00 и ниеднаш во мојот живот не сум се осудила да препишам и да лажирам професор ,а и самата себе.
Повеќето сте во тек ,за тоа што се случуваше на денот на полагањето на државната матура.Тоа беше една страшна глетка,сите со smart саати и слушалки.Јас бев единствена,којашто не се осмелив да препишувам,но за жал имав хипергликемија(шеќерот ми беше 15),имав подливи по нозете,утрото примав и инфузија затоа што не можев на нозе да стојам.
Верувајте никој не ми помогна,ниту пак запишаа во записник.Цел час ми помина,во боцкање со инсулин и го изгубив времето и нормално не ми го продолжија иако до тестароката имав доставено потврда дека сум лице со најтежок облик на хронично заболување.На крај излегоа резултатите и македонски јазик имам 4ка со 29.75%…А ученици,коишто на крај на година имаа 2ки,извадија 5ки до 99.98%.
Дали е ова нормално? И за двата предмети поднесов приговор и пак истото,оние со врски во ДИЦ си ги поправија оценките,а другите за џабе фрливме 5000 ден.
Деновиве се прашувам дали воопшто ги отвориле тестовите да ги проверат или само на оние со врски им се зголемиле поените,а другите си останавме на тоа што бевме.
Поради ваквиот систем ќе бидам уште една од оние кои мораат да земат билет во еден правец.Сум имала безброј непреспиени ноќи,само за да учам и да се стекнам со знаења,но на крај сфаќам дека се е залудно.До кога ќе биде вака? До кога надлежните ќе немаат слух за проблемите со кои се соочуваме? Навистина сум згрозена од се што се случува!