Миладин е човек- магнет, за него се лепи буквално се, тврди дека има биоенергија
Миладин Филиповиќ од селото Господгинци, недалеку од општина Жабаљ, е најпознатиот селски лекар во тој крај. Тој тврди дека поседува биоенергија, а тоа го потврдуваат и неговите „пациенти“.
Од моментот кога ја открил својата наводна, неверојатна способност да лепи сè, од тапи до тенџериња и тави до капаци, неговата трошна куќа станала лекарска ординација со редици луѓе кои чекаат да бидат прегледани.
Дознав дека имам биоенергија пред неколку години сосема случајно кога вежбав во теретаната.Одеднаш капаче од шишето ми се залепи за рака.
Еден мој пријател отиде на интернет за да види како е можно и открив дека се работи за биоенергија.Пробав и други предмети кои исто така ми се залепија низ цело мое тело“, вели Миладин за Рина.
За да се увери дека се е во ред со него, отишол на опсервација и прегледи од стручни лица, кои според демонстрациите на Миладин потврдиле дека тој навистина поседува биоенергија.
„Докторката Јелисавета ја подаде раката, но таа не ме допре и се обиде да ја почувствува таа енергија и рече дека имам голема количина од таа невидлива си ла.
Рече дека почуствувала преку мојата облека некоја енергија и топлина и ми рече дека имам биоенергија. И ми вели: земи книга и оди лечи ги луѓето како што знаеш“, вели Филиповиќ.
Со сознанието дека неговото тело наводно е богато со биоенергија, почнал да чита литература за тоа, а подоцна, по наговор на соседите, решил да им помогне.
Како што вели, успех имало и во лекувањето на кичмата, главобо лки и други здравствени проблеми: „На луѓето им вбризгувам позитивна енергија низ целото тело, а негативната ја вадам.
Тој истакнува дека освен способноста да им помага на другите со биоенергија, има моќ да гледа ау ри: „Сакам да кажам дека тоа е дар од Бога и не наплаќам,
Сведок ми е цело село. Дури и поповите ми рекоа дека ако си добил нешто од Бога, треба да го дадам и она што ми беше дадено да го пренесам на другите“, заклучува Миладин.