Миленко Неделковски до Никола Груевски: Еве, ВМРО ја води државата, повели врати се во Македонија
July 9, 2024
Познатиот македонски новинар и коментатор Миленко Неделковски секојдневно е активен на своите профили на социјалните мрежи.
Така беше и утрово кога упати порака до екс премиерот на Македонија, Никола Груевски во која што вели:
-Еве, се смени власта. ВМРО ја води државата, нов министер за внатрешни и правда, нов директор за санкции, нови управи во затворите.
Нема опасност од ликвидација.Повели, врати се. Низ правосудниот систем кој беше под тебе 10 години, барај правда.