Митко Јанчев порачува: Нашите млади имаат многу причини да останат тука
Еден од ретките македонски градови кој веќе се развива по сите европски стандарди е секако Кавадарци, предводен од градоначалникот Миток Јанчев.
Градоначалникот Митко Јанчев знае често да го привлече вниманието на јавноста, особено на граѓаните на Кавадарци, кои велат дека се задоволни од неговото работење.
Тој е еден од најуспешните приватни стопанственици кај нас, сопственик на фабриката за производство на вода, „Кожуфчанка“ од Кавадарци.
Јанчев е познат по својата хуманост и борба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството. Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава.
Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани, помагајќи на најразличен начин. Преку различни донации придонесува и во развојот на медицината во нашата држава.
Освен тоа, неодамна Јанчев сподели уште една новост која итекако е од голема полза за граѓаните на Кавадарци.
Имено, станува збор за новиот градски и приградски јавен превоз којшто е достапен за сите граѓани. Има две градски линии што ќе сообраќаат во текот на цел ден на временски интервали од половина час, а во приградскиот превоз ќе има четири линии, три пати дневно.
Митко Јанчев отсекогаш покажувал и докажувал дека е човек од народот, па така викендов бил во ноќен клуб за млади од каде сподели фоотграфии:
Кавадарци живее. А, нашите млади имаат многу причини да останат тука! Како е навечер? Градоначалникот Митко Јанчев во друштво со нив на една од многубројните забави во Централ кафе и клуб.