,, Ми даваа пет години живот, докторот ми рече да си купам гробно место, но се случи чудо
Сè започнало во 2010 година кога лекарите му рекле на Ерик О’Греј дека нема да живее повеќе од пет години. Тој тогаш имал 51 година, тежел 150 килограми (на височина од 1,55 метри), носел облека со големина 4XL, боледувал од дијабетес тип 2.
– Пробував разни диети за да го ослабам вишокот килограми, трошев 1.000 долари месечно на разни лекови, меѓу кои и инсулин, статин и лекови наменети за ублажување на несаканите ефекти од други лекови.
– Докторот ми рече да купам гробно место бидејќи веројатно ќе ми треба во следните пет години – се присети тој, а покажа и како изгледал тогаш.
Едно од решенијата била операција на желудникот, но тоа е последната опција за Ерик, тој сакаше да проба нешто друго.
Откако разговарал со лекар, го следел неговиот совет – се префрлил на растителна исхрана и спасил куче од локалното засолниште за животни. Со него дома отишла тогаш 7-годишната кучка Пити. И таа имала прекумерна тежина како него.
Секој ден шетаа, играа, се поддржуваа, се тешеа… и по една година и двајцата ослабеа. Ерик речиси ја преполови својата тежина, ослабе околу 70 килограми и неговото здравје е толку многу подобрено што повеќе не зема лекови. Вели дека денес се чувствува како да има 25 години, полн е со енергија, велат тамошните медиуми.
– Кога луѓето ме прашаа како успеав толку драстично да го свртам мојот живот, јас го вперив прстот во Пити. Без неа никогаш немаше да ги надминам проблемите и да се ослободам од навиките кои доведоа до мојата дебелина.
Таа ме извлече и од лошата психичка состојба поради која престанав да се грижам за себе. Додека таа не дојде во мојот живот, не бев свесен за ситуацијата.
Сега сум подобра личност во секој аспект од мојот живот. Со неа научив што значи да се има вистински пријател – продолжил Ерик, но рекол и дека денот кога му умрело кучето бил најлош во неговиот живот.
Кога тагата стивнала, пет месеци подоцна, тој повторно отишол во засолништето за животни и зел ново куче по име Џејк.
Тој беше пронајден на патот, напуштен, преплашен, гладен и жеден. Беше љубов на прв поглед. Тие станале неразделни, како што бил тој со неговата Пити.