🎥Младите Јована и Глигорче од Берово во Германија отвориле ресторан – велат дека по едно нешто е поразличен од сите други

Ресторан за храна отворија млади беровчани во Германија. Сервираат состојка на која никој не одолева. Магијата, 27 годишниот Глигорче Симовски и 24 годишната Јована Топаловска ја нудат од сите страни и 24 часа на ден.

-Името на ресторан кој го носи името „Булервар на љубовта“ доаѓа од самите нас, не опишува нас сопствениците. Се што вложивме е со љубов, наша главна состојка во храната е љубовта вели за Тв Стар.

Невообичаното име за ресторан има потекло од 13 години кога за прв пат Глигорчо сватил и веднаш одлучил дека гатсрономијата е неговиот живот.

По ова неговиот живот одеше по судбинскиот пат и тој пред две години кај својата деовјка Јованат Топаловска доаѓа во Германија

-Средно завршив во Берово, а потоа студирав во Бугарија на гасрономија, угостителство. Пред две години заминав и дојдов во Германија во Карслуоа. Мојата девојка Јована беше веќе тука од 2015.

Иако на само 27 години тој се одлучува на огрмна инвестиција во земја каде вкусовите се јасно дефинирани

Ова значи дека Глигорчо прави спој помеѓу класичниот германски и македонски концепт за традиционална храна-

Ние овде правиме кебапи, плескавици, увијачи и тоа на беровски начин. Ја промовираме нашата култура и храна од Берово, од Македонија. Имаме и традиционални германски јадења како колбас и шницли, но акцентот е на балканската кујна.