Младо момче порнашло паричник со 800 евра и го вратило, мајка му се пофали па наиде на негодување
Се поретки се луѓето кој излегуваат во пресрет на другите, кој ќе одвојат време и ќе помогнат, се гледа личниот интерес.
Постојано се бркаат пари, а се заборавува на она човечкото, на човековите вредности кој треба да бидат на прво место.
Но се уште има чесни луѓе, кој не посегнуваат по нешто што не е нивно, и ја полнат својата душа со постигнатото и со насмевката на другите очи.
“Мојот син (28) вчера пронашол паричник. Во него имало 800 евра, неколку илјади динари и лична карта. Успеал да го најде сопственикот кој не е од Белград. Многу сум горда!”
Ова е твитот на една Татјана, горда мајка која ја сподели веста за фер односот на нејзиниот син. Некои реагираа позитивно на убавата објава, споделувајќи слични искуства што ги имале.
Во еден од коментарите твитерџиката напишала дека се уште е пријателка со девојката која и го нашла паричникот пред неколку години.
– Се дружам со девојката која ми го најде паричникот пред неколку години. И минатата година отидов на нејзината свадба – напиша таа.
Сепак, некои од нив „искрено“ го критикуваа овој чин: Детално сте го прегледале паричникот. Можеше само да го најдеш сопственикот.
И да му го вратиш пез помпа во јавноста, бидејќи секој нормален го враќа – стои во еден од коментарите, во кој ја критикуваат оваа мајка.