Наставници во скопско село спијат во училиштето – не се во можност да заминат дома поради снего
Како излгеда патот кој води до село Бреза, Скопје кој е непрооден кога секогаш повеќе паѓа снег покажа екипата на ТВ 21.
„Се наоѓаме на патот кој води кон селата Бреза, Малино и Танушевци и како што се гледа зад мене автомобилите се блокирани и не можат да одат до селата. Ние тргнавме да ги снимаме наставниците кои се обврзани да спијат на училишните канцеларии поради недостиг на услови за патување.“, вели репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.
По пат го сретнавме одговорното лице на основното училиште во Бреза, Емруш Алиу, кој за ТВ21 изјави дека ако некој се разболи во текот на оваа време, нема шанси да го однесат во болница. Вели дека побарале од институциите да го поправат патот што го поврзува селото Бреза со Липково, но ништо не е преземено.
„Апелирам до сите државни институции да ни помогнат еднаш засекогаш да ни го средат патот за да биде приоден бидејќи овде во селото живеат жители и во текот на летото и во текот на зимата. Има случаи кога некој ќе се разболи а за една инекција може да почине бидејќи патот, на пример, денеска паднал снег го чистат, по два три дена пак се полни. Доколку се направи патот кој ги поврзува селата Бреза и Липково, тој нема да се блокира никогаш.“, вели Емруш Алиу.
Додека не можевме да ги снимаме одблиску наставниците на Бреза, тие до ТВ21 испратија неколку снимки каде се гледа во какви услови седат.
Пет дена во текот на неделата седат во овие простории а во исто место ги остават нивните лични работи, готват и спијат. Од општина Чучер Сандево река дека патот за во ова село постојано се чисти и дека се прават обиди да се среди другиот пат.
Цела сторија со видео прилог може да погледнете тука.