Не е Илина, Џамбазов за својата голема љубов порача: Сакам само да знаеш дека постојано мислам на тебе
Водителот, шоумен, музичар и писател или човек со многу професии како што го нарекуваат – тоа е Игор Џамбазов кој каде и да се појави или што и да објави на социјалните мрежи привлекува внимание.
Последниот период повторно е доста активен на музички план и настапува ширум Македонија, а слободното време го поминува најчесто во Дојран.
Веќе извесен период јавноста е доста запознаена за неговата врска со планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.
Игор Џамбазов, еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својата втора младост.
Џамбазов е доста активен на социјалните мрежи, пред се на Инстаграм каде често објавува нешто што беше случај и сега:
Дојране златен мој… Сакам само да знаеш дека постојано мислам на тебе. Ти си мојата втора најголема љубов.
А и “првата најголема” те сака, исто така… Ми треба твоето сонце, твојот воздух, твоите луѓе, твојот дух. И мир.