Никако не тргнувајте на овие патишта во Македонија – еве каде се излеаа реки и направија колапс
Центарот за управување со кризи, предводен од Стојанче Ангелов од утрово е мошне активен и од час во час известува за ризичните места поради поплавите и мосто
-Прекин на патините правци од Крива Паланка кон село Варовиште и Крива Паланка – с. Граден заради големиот водостој на Крива река.
-Предупредување од Водостопансво за мостот во село Пчиње која е со слаба конструкција, а водата од Крива река ќе стигне до река Пчиња за околу два часа, известени се Локална самоуправа, ДЗС и МВР.
-Поради обилни врнежи дожд и излевање на р.Реачка река, кај с.Реац, од 07:20 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп е во целосен прекин.
На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Се преземаат мерки за расчистување.