Нова драма вечерва на Осогово: Спасувачи, полиција, пожарна и Итна помош извлекоа четири лица заглавени во снег
Уште една драматична ноќ имаа службите за итен одговор во Кочани. Откако изминатата ноќ имаше тешка сообраќајна несреќа со тројца повредени во близина на ски центарот Пониква на Осоговските планини, одново се спасува вечерва, но завеан лица во снег.
Драма вечерва се одвивала околу спасувањето на четири лица кои со своетовозило влегле и заглавиле во нанос од снег.
Вечерва околу 17:17 часот дежурната екипа на ДПСС (Доброволна планинска спасителска служба) „Осогово“ – Кочани добило известува од дежурниот број112 во Штип дека после локалитетот „Лопен“ кај Руменина бука“ биле заглавени четири лица со своето возило „Гранд Чероки“.
Едно возило и двајца членови на службата се упатиле на местото на настанот аим се придружи исто така и едно возило со двајца од МВР како и едно возило содвајца пожарникари од ТППЕ – Кочани.
Голем проблем им правел замрзнатиот пат но сепак стигнале и околу 18:45 часот успеале да ги извлечат луѓето.
Бидејќи едно од лицата се здобило со скршеница на еден од прстите истото било пренесено на Брза помош во Општа болница со проширена дејност – Кочани