Нови детали за Македонецо кој си го уби синот во Шведска: Биле поранешен припадник на АРМ
January 15, 2024
Уште едно громозорно убиство на своето чедо ја потресе Македонија, но и Шведска каде што истото беше извршено.
Како што информираа шведските медиуми, а пренесоа нашите татко со потекло од Македонија го убил своео единствено 10-годишно дете.
Имало обид да биде спасен неговиот живот, со хеликоптер било однесено во болница, но подлегнало на повредите.
Она што успеавме дополнително да дознаеме за осомничениот убиец е дека е со иницијали Д.А. и потекнува од кочанско село.
Станува збор за лице кое било поранешен припадник на Армијата на Македонија, а кое во 2009 година се иселило во Шведска.
Неофицијално долги години, 7 или 8 по бракот со сопругата немале деца, па откако и се родил синот тоа била голема радост.