Објавено од што почина последната жирафа во ЗОО Скопје: За жал од ова страдаат и многу луѓе
December 7, 2023
„Врз основа на патохистолошкиот наод, како и негативниот микробиолошки и молекуларен наод, од Факултетот за ветеринарна медицина добивме заклучок дека Флопи угинал како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови.
За жал оваа болест е најфаталната на 21 век, од која како и луѓето, страдаат и многу животни.
Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи веќе метастазирал и во белите дробови како еден вид на агресивен карцином.
Дури и кај луѓето, овој тип на карцином многу ретко може да се дијагностицира во рана фаза“, се вели во соопштението на ЗОО Скопје врз основа на обдукцијата што ја направи Ветеринарниот институт.