Од Македонија повторно ќе се лета директно надвор до Европа: Се враќа мошне барата авиолинија од Скопје
Во моментот нема директни авиолинии од аеродромите во Македонија до некоја дестинација надвор од Европа, но тоа наскоро би требало да се промени.
Имено ФлајДубаи закажа продолжување на летовите од својот центар во Дубаи до Скопје следната година.
Овој авиопревозникпланира да ги обнови услугите меѓу двата града по три и пол години на 30 октомври 2023 година. Билетите се пуштени во продажба.
Летовите ќе се одржуваат двапати неделно, секој понеделник и четврток, со авионите Боинг 737-800. Промените во оваа многу рана фаза се многу веројатни.
Во текот на изминатите две години, ФлајДубаи во неколку наврати ги закажуваше, а потоа ги откажа плановите за продолжување на работата на рутата.
Летовите првично требаше да бидат обновени во октомври 2020 година, но беа преместени во март 2021 година, потоа во ноември истата година, пред да бидат преместени кон крајот на октомври 2022 година, што на крајот исто така не се оствари.
ФлајДубаи започна со летови до Скопје во октомври 2012 година и ја одржа услугата до почетокот на пандемијата на к оронавирус во март 2020 година.
Во овој момент, ФлајДубаи планира да реализира летови до Скопје од наменскиот нискобуџетен терминал 2 во Дубаи. Ова е спротивно на услугите на авиокомпанијата до Белград, Љубљана и Загреб, кои се движат од терминалот 3 на Емирајтс, овозможувајќи побеспрекорно искуство со трансфер.
Скопскиот аеродром нема редовни летови до регионот на Персискиот залив од почетокот на ко рона вирусот, а и Катар ервејс ја прекина својата работа кон македонскиот главен град.