Откажани голем број летови денес од и до Германија
Во Германија, ветената држава за многу Македонци, но и странски работници не е се идеално, а доказ за тоа се последните неколку пример.
Со оглед на тоа што има многу нашинци во Германија, кон оваа земја и од нејзе кон Македонија и има бројни авио летови.
Имено поради штрајк на четири аеродроми во Германија денеска ќе бидат откажани над 680 летови, пренесуваат тамошните медиуми.
Штрајковите што ќе се одржат на аеродромите во Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт и Карлсруе/Баден-Баден ќе резултираат со откажување на 681 лет, објави Здружението на германски аеродроми (АДВ). Од нив ќе бидат зафатени околу 89.000 патници.
Синдикатот Верди повика на штрајкови откако преговорите за платите во индустријата за воздухопловна безбедност остануваат неуспешни и продолжуваат споровите за платите во јавниот сектор.
Според синдикатот, штрајковите во некои области нема да завршат до раните утрински часови во сабота.
Аеродромските оператори ги советуваа патниците да го проверат статусот на летот кај нивниот превозник или тур-оператор пред да одат на аеродромот.
Засега нема откажувања или одложување на летови од Германија кон Македонија и обратно.