Откриено колку ќе заработат статистите во серијата ,,Јужни Ветер” , доаѓаат и од Германија само за да учествуваат
Почнувајќи од овој викенд, на РТС премиерно ќе се прикажува новата сезона на возбудливата кри ми серија „Јужни ветер на граница“.
Публиката ја чека шест возбудливи викенди и 12 епизоди, а оваа серија го крена цел Балкан на нозе, а рекорди ру ши и во Македонија.
Продуцентите на серијата Татјана Жежељ Гојковиќ, Милош Аврамовиќ, Милош Биковиќ и Миодраг Радоњиќ се особено одговорни за продукцијата на еден ваков тежок проект, а екипата престојуваше во Финска, Италија, Хрватска и Србија.
За прв пат во историјата, проект од Балканот доби финансирање за продукција на играна ТВ серија во категоријата за ТВ и онлајн содржини од потпрограмата на ЕУ „Медиумска креативна Европа“.
Во серијата има голем број на статисти, кој ќе земат одреден хонорар за нивното појавување во некој од цените во серијата.
Од продукциската куќа наведуваат и дека снимањето трае 12 часа дневно, а во тој период статистите ќе треба да бидат достапни неколку часа, а понекогаш и цел ден. Откриен е и хонорарот што ќе го добијат статистите за нивниот ангажман.
– Надоместокот за доплата е 300 куни (околу 2.500 денари) фиксен, без оглед на времетраењето на снимањето во 12-часовен работен ден.
– Дополнително се плаќа прекувремена работа (по 12 часа работа) и ноќна работа (од 22:00 до 06:00 часот). Прекувремената работа е 30 куни (околу 250 денари), ноќната работа е дополнителни 70 куни (околу 580 денари) како бонус.
За споредба, според сознанијата на Курир, хонорарот за статисти од „Јужен ветер“ се движи меѓу 2.000 и 3.000 динари по ден на снимање.
Статистите пак со некоја задача добиваат малку подобар надомест. Членовите на тимот на Петар Мараш и другите кри
минални групи имаа подобри услови, но нивните улоги веќе се бројат како актери. Хонорарите дневно се од 50 до 100 евра.
Некои од нив играа за слава во „Јужен ветер“, а некои дури допатуваа и од Германија: Кога слушнавме дека „Јужен ветер“ ќе се снима во Тител, си рековме дека не смееме да го пропуштиме.
,, Купивме карти и дојдовме една недела. Жал ни е што не се сретнавме со Баќа. Тој е нашиот омилен херој од серијата и филмот – ги сподели впечатоците на снимањето за Курир гостин од Германија.