Панчо од ДНК се врати на старата љубов: Кога си во долгови нема срам од работа
ДНК е една од најпознатите македонска поп група основана во далечната 2002 година. Членови на групата се Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј.
Владимир Блажев или познат како Панчо од ДНК важи за човек кој нема проблеми да зборува отворено и без влакна на јазикот.
Македонскиот хип-хоп изведувач, Владимир Блажев или во јавноста познат како „Панчо ДНК“и покрај успешноста на дуото ДНК пред пандемијата, исвесен период се проба во неколку професии.
Најпрво на социјалните мрежи сподели дека започнал да работи како пица-мајстор во еден скопски ресторан.По три месеци обука за пица-мајстор, почнал да работи во кујната.
– Не се срамам од ниту една работа бидејќи секоја моја работа е чесна. Да не се навраќам на она најтешко време во мојот живот кога денот го живуркав само со 100 денари.
Затоа работам нешто друго и додека нема работа за нас музичарите. На моето Водно и ако е од кал поради дождовите кравата ја изнесов на пасење чиста трева, изјави Панчо во едно неодамнешно интервју.
Но, овојпат повторно сподели фотографија од него како работи во кујна како пица мајстор и напиша:
Кога си во долгови нема срам од работа.А нема ништо подобро од чесна работа и чесно заработени пари. Држам смена од 14 – 18ч Hello my old love (здраво моја стара љубов)