Перихан од Кичево: Леб и сол ќе јадам само нормално да одам со нозете, а за тоа треба 50.000 евра
Перихан Асановска речиси сиот живот живее со надеж дека нејзината дијагноза има лек. Таа уште многу мала на 7 годишна возраст во родната куќа во Кичево каде и пораснала забележува дека не може да се движи како другите деца. Подоцна таа причина ќе ја задржи шест месеци прикована за кревет. Дополнителен проблем и е горењето на нозете со чај додека била дете. Многучленото семејство и малите приходи ќе оневозможат таа да заврши повеќе од основно образование. И, иако на 20 години ќе посака да основа семејство, сепак немањто брзина и спретност во домот на сопругот за само три месеци ќе ја вратат назад во татовиот дом-ќе рече таа.
Најголемите болки и неспиени ниќи се случуваат послените неколку години кога сосема и се искривуват двете нозе и таа не може ниту да оди подалеку од собите во кои живее. Клекната мие садови и готви на коленици. Иако ја сака хигиената не е спсообна да работи. А, оди на работа со мака секој ден колку да заработи за леб. Докторите кај нас ќе речат нема надеж за нејзино повторно оспособување да оди нормално. Но, не мислат така и докторите од Турција кои минатото лето откако ја прегледале и ја дале таа капка надеж по која перихан сиот живот мечтае, па таа сиот пат од лекар до дома плаче зашто сонот што го сонува сепак може да стане јаве. Но, една пречка ја дели од оставрувањето. Сумата која мора да ја има за повторно да застане на нозе која сама не е моќна да ја собере, па затоа беше принудена да го стави срцето на дланка.
Перихан сиот живот од раѓање живее во Кичево. На 7 години забележала дека има проблеми со нозете и сколиоза, што ќе направат поразлично да живее од другитена нејзина возраст. Останува мала без мајка, немоќна поради финансии и болки да заврши средно училиште. Се мажи но во брак останува само три месеци зашто не била способна да го води домаќинството како жена-ќе каже таа.
Многу подоцна се вработува и заработува, но од 2017 повторно ја фаќаат болки и искривување на двете стапала, па денес е спречена нормално да се движи и правилно да функционира.
-Имав солидно детство, но немав можност да завршам училиште. Бевме многу деца, една плата, а уште како дете забележав и искривување на нозете. Но, некако ми се подобри ситуацијата низ годините, па пред неколку години и се омажив. Сепак, немањето спретност и брзина ми го растурија бракот, и пак се вратив во куќата на татко ми. Последниве неколку години има влошување на ситуацијата кај мене и јас не можам ни малку да одам-ќе рече Перихан.
Перихан за себе ќе каже дека е вредна и сака да работи, но болките во нозете ја спречуваат во тоа. На коленици мие садови и подготвува храна, и ќе додаде леб и сол ќе јадам само да се излечам. За жал, докторите од таа област кај нас не и дале никаква надеж, но, летото 2023 тим на лекари од Турција ја прегледал во Велес и и гарантирал дека, нормално ќе оди со двете нозе по операцијата што би и ја напраиле во Турција на двете нозе и која би чинела 50000 евра. Среќата во тој момент била огромна зашто после толку време некој и кажал дека е можно да оди нормално, но само јазот од за неа недостижната сума ја дели од целосно реалзиирање на нејзиниот сон.
-Многу сакам да работам, но не можам. Одам на работа, ама ме штедат зашто гледаат дека не можам. Дома на коленици мијам садови и готвам. Тешко ми е, и никој во земајва не ми даваше надеж, се до лани летото кога тим на доктори од Турција вршеа прегледи во Велес, и отидов да ме прегледаат. Ми дадоа надеж дека може да ми се оперираат нозете и нормално да одам. Цел пат од Велес до Кичево плачев како мало дете дека ќе бидам нормална и ќе се движам како човек. Само имам и голем проблем. Операциите се многу скапи и јас немам 50000 евра за двете нозе за да платам во Турција. Затоа ве повикав ако може да ја објавите мојата мака, па народот да ми помогне-завршува скромната Перихан за Срце на Дланка.
Дома е најубаво. Таму сите те прифаќаат таков каков што си и те сакаат во било какво издание. И повреден, и уморен и болен и тажен и среќен. Но, сепак сите посакуваат здравје за да излезат од таа комфорна зона и да можат да се помешаат со светот. Оваа жена живее со надеж дека еден ден сепак ќе оди и фунционира нормално и треба да и помогнеме, зашто животот не е ништо друго осв,,,ен постојан обид да за задржи вербата и мислата за едно пдообро утре.
Доколку сакате да помогнете Перихан да ги собере побрзо средствата тоа можете да го направите на донациските броеви А1 143471 Телеком 143107 и на жиро сметката на Стопанска банка 200002892524375.