Перо Камиказа разочаран од министерката за култура: Со наши пари финансираме се што не е Македонско
Петар Георгиевски – Камиказа, во јавноста познат како основач на рок-бендот „Меморија“, актер, атлетичар и кандидат за градоначалник се огласи на неговиот Фејсбук профил каде напиша:
Меморија по прв пат во историјата на своето 40 годишно постоење,учествуваше на конкурсот на Министерството за култура, на инсистирање на Министерката за (не)култура, како би можеле да бидеме ослободени од плаќање на ДДВ на билетите,како учесници на овој тривиален оглас!!!
И нормално,не добивме ни денар,а со тоа ќе останеме и понатаму со наши пари да финансираме се што не е Македонско, од парите што ние им ги плаќаме преку даноци.
Значи само Македонските бендови, во сопствената држава,нема да добијат ни денар од државата,а со тоа нема да имаат шанса да бидат ослободени од ДДВ!!!
Меморија понуди три проекти:Дупли албум со гостите од двата концерти,како и со сите хитови на Меморија со двајцата пејачи, документарен филм со 10 епизоди,како и славенички концерт, по повод 40 годишнината,
од постоењето на Меморија,која по се изгледа ги надминува и годините но и познавањето на Министерката за овие историски проекти!!
Сите три проекти ќе ги реализираме со поддршка на нашите фанови, со нашите пријатели и подржувачи, како и досега.Ве молам, раширете го ова концертно уживање.Македонија вечна,Меморија во срцата