Прилепчанка сака да го посети синот кој е во болница во Хрватска, но нема пари: Принудена сум да одам в црква и да питачам
Семејството Маџуни од Прилеп живее од питачење, јаде само кога некој ќе донесе нешто а хигиената ја одржуваат само со вода бидејќи немаат пари за средства.
Пред да им донираат мало ќумбе и три кубни метри дрва тие се грееле на пареа од топла вода. Животот во нивниот стан е под секое човечко достоинство.
Тажната животна приказна на Цене Маџуни и нејзиниот тринаесетгодишен син не остава никого рамноудушен. Синот има проблеми со срцето а мајката на Цене која живее со нив е неподвижна.
„Таа зима 12.000, беспомошна е. Нотари и запираат за станот, запираат за струја и уште 2.000 остануват. Со тие 2.000 денари прво немам за нејзе да купам лекови а не да јадам.
Принудена сум да одам во грчка црква и да питачам. Почна народот да ми помага и многу сум благодарна. Компјутер една женичка му овозможи, други кој како има креветче, храна ќе донесе“, вели Цене.
Маџуни за Сител ТВ раскажа дека има уште еден син во Хрватска кој неодамна добил кр варење во главата и сега бил сместен таму во некоја болница но не може да отиде да го посети бидејќи нема пари.
„Немам јас од каде пари, не можам ни да си го видам, не можам ни да го посетам“, низ солзи објаснува Цене.
Социјално не може да добие затоа што по 13 години разделен живот таа не е официјално разведена од сопругот кој не и дава развод, а кој има примања.
Пречка е и нејзината мајка која живее со неа и зема пензија. Помеѓу многуе граѓани кои им помагаат е и здружението „Избрани од Бога“ коешто им донираше храна и хемиски средства. Целиот прилог може да го погледнете на Сител ТВ.
Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да застане на здрави нозе тоа може да го сторите на телефонскиот број 078531885 Цене Маџуни или на трансакциската сметка 300027030673525.