Раде завршил факлутет а сега работи како овчар
Иако ветеринарниот факлутет е класифициран како еден од најтешките, а професијата ветеринар, особено во руралните средини, носи со себе големи предизвици,
Сепак Радомир Раде Савиќ не се сомневал дека по завршувањето на факултетот ќе се врати во родното место и ќе работи како овчар.
Тој во денот поминува по неколку километри и се грижи за овците, коњите и кравите, а најмногу работи како овчар и со нив поминува најмногу време.
Како што вели, понекогаш е потребно многу труд за да се излечи некое животно, особено кога станува збор за зимски услови и непристапен терен.
И покрај тоа што работата на ветеринар бара бескрајна љубов кон животните, но и голем труд, Раде вели дека не би ја менувал својата област за ниту една канцеларија.
– Има многу интересни ситуации, но најмногу се радувам кога на свет ке дојде нов живот, често присуствувам на раѓање на телиња и на јагниња.
– Се сеќавам на еден момент каде трчав и во рок од 10 минути пристигнав на местото и во последен момент ја спасивме и кравата и телето, вели Раде за ,,Инфолига”
Според овој млад ветеринар, животните ја знаат и препознаваат неговата загриженост, па често се случува сами да му пристапат при посета.
Со оглед на тоа што регионот Ивањица е познат по земјоделските фарми, кои меѓу другото се занимаваат и со сточарство, многу е потребен млад и перспективен ветеринар како Раде, на кој на прво место сепак му се неговите овци.