Сега нема дилеми – познато кој ја купува клиниката Жан Митрев
Веќе подолг период низ медиумите се најавува дека приватната клиника Жан Митрев ќе добие нови сопственици, односно газдата и кардиохирург Жан Митрев ќе ја продаде.
Овојпат за такво нешто пренесува „Блумберг Адрија“ кои уште пред неколку дена објавија за прдажбата на Жан Митрев.
Холандската компанија „Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ стекнува директна контрола врз приватната здравствена установа – клиничка болница „Жан Митрев“ преку купопродажба на удели.
„Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ е друштво основано согласно регулативата на Холандија, со седиште во Амстердам и во рамките на својата инвестициона политика има намера да стапи во стратешко партнерство со клиничката болница „Жан Митрев“ преку стекнување на контрола со купување мнозински удел, согласно одредбите од Законот за установите и Законот за здравствената заштита.
Холандскиот инвеститор е финансиска холдинг компанија која врши инвестиции во претпријатија кои вршат дејности поврзани со давање на здравствени услуги.
Од Жан Митрев пак исто така пред неколку дена во изјава за Фактор.мк потврдија дека водат преговори за продажба на клиниката.