Симеона од Штип иако толку млада, сама покренала бизнис кој одлично и оди
Симеона Томова иако има само 20 години, создала сама свој мал бизнис и рачно изработува модни аксесоари.Има само 20 години и свој мал бизнис.
Симеона Томова од Штип својата љубов кон модата ја преточила во рачно изработување на модни аксесоари, буквално својата идеја ја реализирала.
– Самата замисла беше една комбинација за патување во Франција, каде една бисерна ташна се вклопуваше во моите замисли па решив да ја направам.
– Откако ја изработив, добив многу позитивни коментари од моите блиски роднини и пријатели. По тоа започнав да изработувам и повеќе вакви производи.
Талентот и желбата на Томова датираат уште одамна, но за да стигне до овој степен на изработка и требало повеќе време.
– Многу ми помогнаа неколку работи од интернет, но потоа следуваа и часови на пракса каде што се усовршував, на почетокот ми требаше повеќе време.
– Многу ми помогна и баба ми, која и ден денеска ми помага да се усовршувам и да дизајнирам, вели Симеона пред камерите на ТВ Стар.
– Последна моја изработка е наменета за идна невеста која порача невестинска чанта од бел сатен исполнета со ружи, кој одземаат повеќе време.
Освен модата Симеона е голем љубител и на медицината, каде и воедно студира и се труди да ги заврши сите обврски навреме.
– Јас сум студент по општа медицина и тоа прва година па така малку ми е предизвикувачки сето ова, особено во период на испити.
– Каква идеја да имате немојте да се откажувате или пак да се сраму вате, напротив треба да се работи и вежба за да се реализира, вели за крај Томова.