Слаѓана од паланечко: Јадам по гробишта и ѓубришта, а лекови пијам ако некој фрли во контејнер
Слаѓана Станковиќ на само 47 години чувствува преголема тежина во својата душа. Родена во Козји Дол, Трговиште уште како дете седела под кирии, тепана и омаловажувана од сите. Млада се мажи во Герман и родила три деца. За жал, едното го изгубила и доживеала најголема болка што една мајка може да доживее. И, другите две, ќерката и синот немале ништо подобар живот. Работела како аргат за да и дадат за облека и леб и за да ги испрати на училиште како другите деца. Била жртва ќе рече таа на семејно насилство, па морала да се одлучи за осамен живот, зашто сопругот сакал да и ги продаде децата за пари. Не ми треба живот без децата-децидно ќе каже оваа жена. Денес живее во едно осамено куќарче во Ранковце сама и дење и ноќе. Преплашена е за својот 7живот.
Која иако е неписмена и не знае дури ни колку години има, сепак знае како е да сака и да се бори за свое. Поради проблемите ќерката многу мала се омажила, а синот работи колку да и ја плати киријата и да и купи лекови. Иако, трпи и за леб. Се храни по контејнери или на гробишта ако најде оставена храна по гробите – вели Слаѓана. Лекови фрлени во ѓубре знае да ги земе и спореди со нејзините, па дури и да ги испие ако не и е добро. Можеби само средства и помош за да извади лична карта и да добива социјална помош или да се вработи во некоја фабрика во Паланка е клучот кој би го отворил и решил нејзиниот проблем за спас на уште еден тажен и невин живот.
Слаѓана потекува од Србија и не може да се сети за еден убав ден од незјиниот живот. Мала останува без татко зашто бил убиен, а мајка и се премажила па таа пораснала гладна по разни куќи, тепана и малтретирана. Немаа да и биде лесен ниту животот откако ќе се омажи во село Герман, зашто повторно ќе биде жртва на семејно насилство. Од три родени деца, успева да израсне само две, зашто првото дете умрело многу мало, а, другите две имале толку тешко детство, што морала да биде аргат кај различни газди за да им обезбеди храна и облека за на училиште. Не можејќи да го трпи насилството, но и продавањето на нејзините деца како што вели Слаѓана од страна на сопругот, го напушта, девојчето се омажило малолетно, а синот нешто подработува и и помага околу киријата и понекогаш за лековите.
-Бев многу мала кога останав без еден родител. Татко ми беше убиен и тука започна мојата голгота. Тепана од сите, ненахранета, малтретирана. Така можам да го опишам моето детество. И пдооцна кога се омажив не живеев ништо поубаво. Сопругот ми беше алкохоличар и ме малтретираше. Не се грижеше за мене и децата. Јас работев, аргатував за да ги облечам и обезбедам корка леб. За да можат да изучат школо. Јас сум неписмена, ама децата мораа да завршат школо Татко им сакаше да ги продаде на луѓе за пари, јас тоа не го дозволив. Ќерката поради немањето услови беше принудена да се омажи малолетна, а син ми оди кај ќе најде работа се труди за да ми помогне да платам кирија и да не умрам од глад-вели Слаѓана.
Слаѓана нема лична карта и не може да замине никаде подалеку од селото. И, да има пари не може да замине ниту да ја посети ќерката –вели таа. Сама е во скромно куќарче под кирија на врвот на местото Ранковце, преплашена за својот живот зашто околу неа нема ниту една куќа или човек. Таа сиот живот гладувала, се хранела по контејнери и ако некој остави храна на гробиштата. А, иако млада има и многу дијагнози, па во неможност да си ги купи лековите, често ако најде фрлени кутивчиња во ѓубре ги споредува дома со нејзините, па пие и лекови од контејнер. Јадам само кога има, кога нема траам и чекам некои подобри времиња-ќе додаде Слаѓана низ солзи. Со надеж дека барем некој ќе и помогне финансиски за да и се олесни животот или да и се извади лична карта за да може да аплицира за социјална помош или пак за било каква работа во некоја фабрика во близина.
-Немам место не живеење и не можам да извадам лична карта. А, и да имам немам пари за да отидам. Непсимена сум и не знам да се снајдам како да поднесам за таков документ. А, ако имам лична карта можам да работам, па јас сум млада, ама проблемите ме разболеа и со психата. Коллку пати гладуваам. Вадам храна што ја фрлиле во контејнер за да не умрам од глад. Одам ако некој оставил на гробиштата и од таа храна земам. Па душата ми бара, јадат кучињата, јадам и јас од истата храна, па и јас имам душа, човек сум.
Немам ни лекови. Колку пати некој ќе фрли во канта, јас ќе ги земам, дома ќе споредам дека се исти како моите и пијам. Ќе видам дека ми е подобро па го благословувам тој што ги фрлил, викам Господ здравје да ти даде добар човеку. Немам ништо. Сама живеам на планинава. А, најстрашно ми е навечер. Си викам ако некој дојде и ме убие?! Не палам светло за да мислат дека не сум дома, и спијам така преплашена со секирата под кревет-додава Слаѓана за „Срце на дланка“.
Секој од нас се прашал многу пати. Ќе се разбуди ли во некој поубав ден и ќе почне ли да живее поубаво? Ќе дојде ли некое поубаво време, подобри прилики и околности, совршени пријателстваи поубави утра. Можеби и ќе дојдат , но ние нема да бидеме никогаш оние истите. Времето ќе остави лузна на нас. Затоа да глеаме на животот како на подрок , а на луѓето околу нас како на најголем благослов. Зашто времето за да живееме е денес. А, не утре или подоцна.
Доколку сакате да и помогнете на Слаѓана можете да ја добиете на мобилниот телефон 071677032