Слободан од кочанско ќе плаќа туѓи кредити кој некој ги извадил на негово име, но без знаење: Барам 200.000 евра оштета да ми се плати за овие стресови
Слободан Ангелов од кочанско Оризари, инаку ветеран од настаните од 2001 и во ен инвадли заради злоупотребна лична карта и изваден брз кредит на негово име се најде во проблеми и ќе плаќа туѓ кредите.
Откако во јуни месец минатата година, тој остана затечен од информацијата дека на негово име има извадено пет брзи кредити, сега ќе мора да плаќа за злоуп отребата од свој џеб, што за него значи да ја даде цела плата на кредити.
„Моите податоци беа злоупотребени во јули месец. Без моја дозвола аплицирале и подигнале за кредит за 81.500 денари. Јас го пријавив тоа во полицијата, таму си има записник. Јас ги ставив моите податоци за донација за куќата, лицето се најде, свој рода“, вели Ангелов.
Ангелов вели дека веќе плаќа 5.600 денари рата за кредит, кој со свој потпис и согласност го подигнал за куќата од банка.
Имајќи ја предвид таа сума и парите коишто ќе треба да ги плаќа на финансиските друштва за извадените брзи кредити, тој вели дека неговата егзистенција се става под знак прашалник.
„Јас си тражам ошт ета, 200.000 евра на мене да му се плате за стресот оти јас имав стресови, инекции примамт, апчиња пијам што ме тормозеа од банки, од полиција.
Ќе ја тужам државата до Стразбург, за човекови прави, ќе си барам оштета како во ен инвалид 800.000 од држава и 25.000 денари пензија. Треба и на нас в оените инвалиди да ни дадат, од нас дигнаа раце“, додава Ангелов во изјава за Мнет.
Ангелов минатата година собираше хуманитарна помош за да може да ја реновира трошната куќа во која живее со семејтвото. Токму на тој начин и му била извршена измамата, односно некој ги имал искористено неговите лични податоци објавени за хуманитарната акција со цел да си извади брзи кредити на негово име