Србинката Ана откри што и се случило на македонската граница: За малку ќе си го уништела одморот
Летните одмори веќе се во полн ек, па неретки се и случаите кога туристите се соочуваат со најразлични проблеми. За еден од нив напишаа во фејсбук групата Live from Greece,а е поврзана со македонската граница.
Еве предупредување за проблем што може секому да му се случи. Еднаш ни се случи да не ни ги вратат сите пасоши, а да ни дадат и туѓи.Порака од инбокс:
„Пред 10 дена на излегување, при влегување во МКД, цариникот заборави да врати 1 (од 5) пасоши. Ги зема буквално 5 секунди и ги врати, не ми падна ни на памет дека некој може да остане со него.
Кога стигнавме на излез, проблемот беше, немаше пасош. Немамe пасош и не можеме понатаму. Веднаш ни се јави многу љубезниот цариник и го најде пасошот.
Го испратија по некои наши луѓе, многу благодарам! Единствено што ние со 3 деца од кои едното има 5 години, а едното 1, чекавме 4 часа на граница, од 10 до 14 часот на жештина за да го добиеме пасошот назад. Цариникот рече дека тоа се случува барем 4 пати дневно бидејќи кој работи тој и греши, па не би било лошо да напише потсетување/предупредување до останатите членови да ги проверат документите што им се вратени за да се избегнат вакво вознемирување досади и непријатности. Лани се пишуваше за тоа, оваа година мислам дека не видов ниту еден пост за тоа…“