Србите „открија“ нов премин од Македонија кон Грција: Поминавме за 10 минути, пред нас само еден автомобил
Огромни гужви на граничните премини кон Грција се главна тема на српските туристи деновиве.
Како што пишуваат преку социјалните мрежи, редиците на граничните премини се долги километри, а понекогаш се чека и до пет часа.
Најголема гужва се очекува да има во Прешево, на излез од Србија, но и на граничниот премин Евзони во правец od Македонија.
Патниците од Србија секојдневно ги бараат најдобрите и најбезболните рути за да избегнат гужви на граничните премини.
Во популарната група „Грчка инфо“ жена објави информација за сите оние кои се враќаат од Грција да го користат граничниот премин „Меџитлија/Ники“.
„Поминавме за десет минути. Пред нас имаше само еден автомобил. Милина…“, напишал член на групата „Грчка инфо“.
Многумина коментираат дека ова е една од најдобрите опции за патниците од Србија кои планираат да летуваат во Грција.
„Во Грција влеговме за 5 минути, а пред тоа чекавме 5 часа на граничниот премин Прешево“, „Ова ви го кажувам две години, плус Охрид е блиску“, „Отсекогаш билo само Меџитлија“, се некои од коментарите.