Стојанче Ангелов одамна вака не згрмел: Згрозен сум и силно револтиран
Вчера на големиот национален празник, Илинден била исчкртана со спреј бистата на полицаецот Горан Стојменовиќ кој загина во Диво Насеље, којашто се наоѓа во Инџиково, од каде е тој.
Пречкртана била и плочата со неговото име и пораката „Хероите живеат вечно“.
Осквернавен е и комплексот во кој се наоѓа бистата и во кој има и 9-метарски крст, а оштетени се повеќе икони во овој парк посветен на загинатиот полицаец. Паркот се наоѓа во близина на месната заедница Питу Гули во Инџиково.
Поранешниот генерал, а сега прв човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил порача:
Згрозен сум и силно револтиран од вандализмот на нечовекот кој ја оштетил спомен-бистата на мојот храбар соборец од Тигрите, специјалецот Горан Стојменовиќ, кој загина во борбата со терористите во кумановско Диво Насеље.
Очекувам МВР брзо да го открие вандалот за да биде изнесен пред лицето на правдата.