Сузе: Некој да ми кажуваше дека ќе дојде ваков ден за ајварот немаше да верувам
Сезоната на зимниците веќе наголемо започна, па вредните домаќини и домаќинки ја подготвуваат. А кога станува збор за зимницата тука секако мислими и на ајварот. Една наша читателка, Сузана М. ни прати едно свое видување на оваа тема.
– Ајварот го правам веќе 30 години, поточно дваесетина години сама и претходно десетина додека бев немажена, со мојата фамилија кога помагав на мама и тато. Некој да ми кажуваше дека ќе дојде вакво време, немаше да поверувам.
Со годините наназад сме правеле ајвар по два пати, односно две дози. Односно по 50-60 килограми една доза и сме ваделе тегли и тегли. Но од минатата година решивме двете дози да ги сведеме на една, а годинава и таа една да ја преполовиме речиси.
Едноставно, правењето ајвар не само што ти одзема време и нерви, туку и финансиски веќе е навистина неисплатливо, верувајте. Стана „ѓавол ипол“ да се направи ајвар.
А и друга работа, пиперот не е тој што беше, навистина незнам што се случи но квалитетот е благо речено за никаде. А кога ќе те украдат на вагата ти се крши филмот и ми иде да речам, сега и никогаш повеќе нема да правам ајвар.