Сузе Турунџиева: Овие нашите од Германија започнаа да тражат да им праќам пари

Една од најпознатите македонски поп-пејачки, писателки и телевизиски водителки Сузана Турунџиева често знае да привлече внимание на јавноста.

Популарната Сузе е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шест годишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири.

Во 1984 година се запишува во Средното музичко училиште во Битола, на отсекот по соло пеење во класата на професор Пеце Митревски.

Во текот на четирите години освојува вредни награди на републичките и сојузните натпревари по соло пеење, како: прва награда на републичкиот натпревар по соло пеење во Скопје, во 1985 година, како и прва награда на сојузниот натпревар во Белград по соло пеење, во текот на истата година.

Во 1991 година, после дипломирањето на Ф М У, заминува во Австралија, на покана од К У Д „Александро Турунџев“ од Мелбурн. Покрај неколкуте успешни концерти низ Викторија, во ноември истата година учествува и на еден натпревар за пеење.

Популарната Сузе е доста актуелна и на социјалните мрежи, а овојпат таа сподели:

Ги молам овие од телевизиите да не зборуваат како тоа одлично живееме, овие нашите од Германија започнаа да тражат да им праќам пари