Татјана и Новица открија што највеќе им недостига од Македонија
Татјана Лазаревска со сопругот Новица во моментов важат за едни од најпознатите Македонци кои живеат и работат во Австралија. Тие со синовите Стефан и Петар живее во Мелбурн, Австралија веќе шест години откако решија да ја напуштат Македонија.
Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.
Татјана сега работи како воспитувачка во градинка, а Новица како возач, додека слободните викенди ги користат за да пеат на секакви прослави од страна на Македонците во Австралија.
Моментално, парот е на одмор во Македонија, па првото гостување на телевизија го имаа во Шоу магазин на Сител каде зборуваа за нивниот приватен живот, за животот во Австралија, но и за она што им фали од Македонија.
– Семејството, пријателите, поширокото семејство .. луѓето материјалните работи секаде ги има, меѓутоа нашата фамилија, роднини, пријатели што ни се од детство што не врзуваат убави спомени.. тоа ни недостасува, вели Татјана.
На први септември настапуваат на „Охридски трубадури“ во Долни Сарај, каде што ќе ја испеат втората дуетска песна Љубов ни е име, а пак среќа ни е презиме.