Трагедија во Грција: На плажа на Халкидики гром уби 13 годишно девојче
June 28, 2024
Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.
Трагичниот инцидент се случил околу 16 часот и 30 минути кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првичните информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Треба да се напомене дека на подрачјето на Халкидики денеска времето е лошо со обилни врнежи од дожд.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.
Се уште не се соопштува идентитетот на загинатото лице.