Трагедија во Швајцарија: Камион усмрти 11-годишно момче од Македонија, неговите родители скршени од болка проговорија
Страшна несреќа со трагичен епилог се случила пред неколку дена во Швајцарија, поточно во центарот на Базел.
Имено по последниот ден од учебната година и завршување на 4-то оделение, Елиор тргнал да се враќа кон дома.
Но никогаш тога не го дочекал откако од камион бил прегазен на пешачки премин. На 11-годишното момче му немало спас, а лекарите констатирале смрт, а телото е дадено на обдукција.
Швајцарски Blick.ch. направи интервју и со неговите родители, Фестиме Д. (34) и нејзиниот сопруг Ардијан Д. (35), кои се скршени од болка и тажни
Го загубија синот единец Елиор (11). Во петокот нешто по 12:00 часот, 4-тоодделенецот бил удрен од камион во пешачка зона, излетал – и починал.
„Последен пат кога го видов Елиор беше во четвртокот навечер“, се сеќава Ардијан Д., „кога реков добра ноќ“. Следното утро неговиот син сè уште спиел кога тој отишол на работа, додека сопругата Фестиме Д. го испратила Елиор да оди на училиште тоа утро.
„Тој го имаше последниот училишен ден како 4-то одделение“, вели Ардијан Д. „Она што се случи потоа е страшно, сестрата на Елиор (8) оди во истото училиште со нејзиниот брат. Непосредно пред да настрада таа била на помалку од 20 метри зад Елиор.
Што е со камионџијата? „Сè уште не сме слушнале ништо од него“, вели Ардијан Д.
„Се уште не знаеме кој го удави нашиот син. Елиори уште од мали нозе ги почитува правилата. Сè уште не е јасно дали возачот воопшто имал зелено светло
Инаку немилиот настан се случил само 200 метра од нивниот дом.