Трагедија: На 31 годиниа почина тренерот на Шкендија – го погодило залутан куршум од семејна прослава
October 11, 2023
Попладнево пристигна трагична вест која однесе живот на млад, 31-годишен човек од Скопје
Имено станува збор за Мерван Илјази, младиот тренер на Шкендија Арачиново, фудбалскиот клуб кој сезонава по многу години апстиненција се врати во Третата лига север
Тој пред извесно време беше погоден од залутан куршум, долго се бореше за својот живот, но за жал не успеа.
Самата несреќа се случила на една семејна прослава која еве денеска завршува фатално за младиот тренер на Шкендија Арачиново, пренесува СпортСпорт.мк
Веста за смртта на Мерван Илјази ја потврдија и од Шкендија Арачиново со објава на социјалните мрежи.