Трагедија: Почина 26 годишна родилка од делчевско – од Штип итно била префрлена во Скопје
December 27, 2023
Родилка од Делчево починала на Карил во Скопје. Според информации на М-Нет телевизија родилката се лекувала во КБ Штип, каде што била породена со царски рез.
Но, по комплицирање на ситуацијата била пратена на лекување во Скопје, а во текот на вчерашниот ден починала. Новороденчето се наоѓа на клиниките во Скопје.
Од КБ Штип за настанот истакнаа дека подетални информации ќе има до крајот на денешниот ден или најдоцна утре.
Според неофицијалните информации родилката била на 26 годишна возраст, а неодамна со својот сопруг правеле и свадба