Трајче од Велес: Мајката без причина ги остави децата и си замин – често си легнуваат гладни, а млекото го заменувам со сок
Трајче Витанов од Велес веќе неколку месеци живее сам со своите две мали деца. Тој токму во Велес го минува и детството и младоста.
Имал скромен но убав живот ќе рече тој, додека била жива мајка му и додека живееле во заедница имале каков таков пристоен живот.
Но денес приказната е сосема спротивна. Иако се жени и создава семејство за жал тоа семејство нема да опстане многу долго.
Само девет месеци откако се раѓа неговото синче, мајка им ги напушта децата и не можела да продолжи понатаму. Тој денес е невработен.
Не може да работи бидејќи ги чува децата, живее од денес за утре. Сам пере и готви, млекото често го заменува за сокче.
Храната пак потребна за раст на децата ја заменува со супа, често ги заигрува за да не прашуваат каде е мајка им и да не мислат на гладта.
Тој сака да им обезбеди убав живот. Вели дека нема да преживее ако утре некој му тропне на врата и му ги одзеде најмилите.
Десеттина дена пред да ја добие ќерка си ја губи мајка си, неговата најголема поддршка во животот. Денес живее во голема неизвесност.
– Јована е прва моја рожба, ја изгубив мајка ми но ја добив неа, сопругата ги остави децата и си замина без причина, може да само да погодуваме зошто, вели Трајче за ,,Срце на дланка”
– Немам бања, ги бањам овде во собата децата во корито, не доликува во 21 век да се функционира така но судбината не испрати во таа насока.
Ова семејство живее од месечни примања од 8300 денари, од кој поради долгови не му останува многу, па децата се приморани да легнуваат гладни, млекото го заменува за сок.
– Сега е зимен период, треба јакни и топли обувки, но јас немам, и го заменувам потребното млеко за растење со сок, вели Трајче со тешко срце.
– За намирници се запишуваме во продавниците па кога ќе имаме ќе вратиме, тешко е кога влеземе во маркет по леб, а тие бараат некој крем или чоколадо.
Доколку сакате да му помогнете на овој самохран татко тоа може да го направите на телефонскиот број 075258968 или на трансакциската сметка за помош на Трајче Тале Витанов 210501730275961 Силвана Чолакова.