Уште една наша пејачка го откажа настанот: Требаше да биде народен собир ,а не партиски настап
Несомнено е дека Македонија може гордо да се пофали со бројните фолк-пејачки кои освен со бисерното грло се издвојуваат и по атрак тивниот изглед.
Адријана Ацевска или во јавноста позната како Адријана Кеш е една од најатрактивните пејачки на сцената. Својата популарност ја стекна со големиот хит „Кеш, кеш“ кој за неверојатно брзо време ја освои публиката.
Иако голем дел од нив ја промовираат македонската музика, култура, идентитет, сепак некој тоа го користи за своја полза.
Имено, во пресрет на државниот празник 8ми Септември се организираат собири на кои учествуваат македонски пејачи. Меѓу нив беше Јордан Митев кој вчера преку статус се откажа од собирот поради партискиот карактер. Денеска, и Адријана Ацевска го поддржа:
Почитувани…сакам И јас да се обратам во врска со настанот кој треба да се случи на 8 септемвти…во тек на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано…рекламата ја видов утрово..
НЕ СУМ ПАРТИСКИ ОПРЕДЕЛЕНА ни ќе бидам …така да јавно се откажувам од овој настап за кој уште еднаш ќе кажам требаше да биде НАРОДЕН СОБИР,а не ПАРТИСКИ НАСТАП