(ФОТО) Антониа Гиговска изгледа топ и после породувањето – го покажа голото стомаче
Познатата наша пејачка Антониа Гиговска која ги доживеа најголемите успеси во својата музичка кариера периодов, реши привремено да ја прекине кариерата, од и тоа како убави причини.
Таа неодамна се породи и заедно со нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски го добија првото синче на кое му го ставија името Киан.
Пејачката сето свое внимание го има концентрирано на нејзиното штотоку родено синче, па така сега во домот се’ се врти околу малечкиот Киан.
Иако голем дел од жените се соочуваат со виснат стомак по породувањето и се трудат да си ја вратат првобитната форма, Антониа умешно се справува и со тоа.
Имено, пејачката направи маникир и педикир, се нашминка, ја среди косата и денеска присуствува на свадбена прослава. Од фотографијата направена пред огледало мора да заклучиме дека и покрај породувањето Гиговска е во топ форма и си носи кратки маички.