(ФОТО) Гавазова славеше роденен, па покажа каква трпеза сама подготви – прсти да излижеш

Сузана Гавазова, една од најдобрите македонски фолкерки и воедно најбарани го докажува својот епитет периодов кога не може глава да крене од забави.

Што приватни прослави, што настапи по локали, но и на отворено. Едноставно публиката си ја сака Сузе, а таа знае како да возврати и да направи забава за паметење.

Нејзиниот Фејсбук профил е полн со слики од настапи насекаде, и со слики од нејзините фанови како се фотографираат со неа.

Освен тоа Сузе е докажана и на приватен план каде е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна а заедно живееја во Шведска.

Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Популарната Сузе вчера славеше роденен, наполни 43 години, а истиот го прослави во домашната атмосфера.

Притоа објави како ја подготви трпезата, притоа во домашни услови, поточно самата. Ова и не изненадува со оглед на тоа што често објавува како готви.

Имаше се и сешто. Од риба, кокошка, месо, ќебапи, салати, ордевер, што се вели уште од пиле млеко немаше.