(ФОТО) Димитар Апасиев не ја поштеди својата сопруга Тамара: До кога со мои панталони ќе градите интернационална кариера
Тамара Јованов, сопругата на лидерот на Левица, Димитар Апасеви се огласи на својот фејсбук профил каде што напиша:
Она кога, ќе си го пробаш знаењето и умеењето пред група меѓународни тренери, професори, (социјални) претприемачи, иноватори, консултанти, младински работници, членови на Совет на Европа, раководители на меѓународни организации, камери, фотоапарати.
И ќе ти дадат фидбек дека научиле нешто ново, корисно, применливо и инспиративно! Па ќе дојдат и ќе предложат идна соработка, ќе побараат совет или мислење.
Мх, мх, мх… Убајни Пс. Одржана обука за Пичинг (презентација) на идеи во Јанина, во рамки на Форум за социјални и дигитални иновации.
Ппс. Обуката ја одржувам и про-боно за домашни засегнати страни. За следна можност за учество, ќе има благовремена најава.
Под оваа објава се јави токму Димитар Апасиев кој имаше доста уникатен и впечатлив коментар во кој што вели:
Професорке, се извинувам, да Ве прашам нешто: До кога со мои панталони ќе градите интернационална кариера