(ФОТО) Донираше комбе со ладилник, но реши да остане анонимен – Хуманитарната организација Свети Спас со вредна донација
Хуманитарната организација Свети Спас на својот фејсбук профил се огласи со објава во која се вели:
Голем е Бог кој постојано се грижи за потребите на секој од нас, а и за потребите на нашата Хуманитарна организација!!!
Како што знаете, нашата црковно народна кујна функционира од 15 септември минатата година, т.е. точно девет месеци и до денес подготвивме и поделивме речиси 50.000 оброци на три локации во Скопје.
Во овие девет месеци се соочивме со многу предизвици: недостаток на намирници, загуба на нашиот сакан готвач чичко Спасе, немавме простор за готвење, немавме готвач…, но благодарение на Бога и на нашите поддржувачи, успеавме да ги надминеме сите проблеми и продолжуваме со борбата против гладот.
Денес, благодарение на сите вас, секојдневно ни пристигаат намирници, храната ја подготвува најдобриот готвач Благојче Василевски во една од најопремените кујни (која великодушно ни да отстапи црковниот одбор и браќата при храмот Св.ап. Петар и Павле- Горно Лисиче).
Денес решивме уште еден проблем: ДОБИВМЕ КОМБЕ СО ФРИЖИДЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ХРАНАТА КОЈА ЈА ДЕЛИМЕ СЕКОЈДНЕВНО!!! Денес решивме уште еден горлив проблем, со што дополнително добивме сила да продолжиме со она што најдобро го знаеме: да помагаме на оние на кои им е е неопходна нашата помош!!!
Навистина жалиме за одлуката на донаторот да остане анонимен, но Бог знае се и знам дека токму Тој го испратил кај нас и дека Бог ќе го награди братот за ова големо дело!!!
Бог да те благослови и награди за вашето човекољубие со здравје, радост и успех во животот и кариерата!!!Ти благодариме од сесрце!!!