(ФОТО) Д-р Горан се огласи од Германија: Истото сонце е, ама македонското ме грее поинаку
Доктор Горан Трајковски е млад лекар, специјалист интернист во Баварија кој како и многу наши медицински лица реши среќата да си ја побара надвод од границите на нашата држава.
Горан важи за доста популарен доктор на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде секојдневно споделува искуство и дели совети.
Има илјаднции следбеници, но секогаш е достапен за сите прашања кои ги имаат за него, близок е со нив и прикажува бројни приватни моменти од неговиот живот.
Д-р Горан е семеен човек, во брак е со сопругата Александра со која го имаат синот Себастијан. Како и бројни Македонци, и доктор Горан ја има шансата налето да си дојде во татковината, па сподели:
Помина уште една година. Истото сонце е, ама не е исто. Денес ќе го видам сонцето што ме порасна, македонското сонце, ме грее поинаку…Возбуден сум многу. Дома сум