(ФОТО) Зорица Заева во непрепознатливо издание
Поранешниот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица се во брак повеќе од 24 години, се знаеле уште од деца и нивната искрена љубов ја крунисале со брак.
Неговата сопруга Зорица Заева, не дава често интервјуа за медиумите. Пред неколку години таа даде интервју за Фокус во кое што зборуваше на неколку теми.
Таа тогаш рече дека со Зоран се запознале многу одамна, речиси од деца. Тоа познанство прераснало во љубов и во сериозна врска, веќе во далечната 1995 година, при крајот нивното средното образование.
Несомнено е дека Зорица Заева важи за одмерена, смирена, вистинска дама која во секој момент се труди да изгледа беспрекорно и да остави добар впечаток.
На социјалните мрежи неодамна „исплива“ фотографија на која Зорица изгледа речиси непрепознатливо, во потполно друго издание од она во кое ја гледавме додека сопругот и беше на функција.
За споредба нејзиниот стилист и пријател Драган Гоцев на својот Инстаграм профил сподели фотографии од Заева средена, нашминкана едноставно совршена и фотографија од вечерна прошетка каде што е сосема природна и без шминка