(ФОТО) Креаторот на новиот фудбалски дрес на Македонија е познат македонски музичар
Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер Јако како што е познато пред неолку дена го претставувија новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.
Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија.
Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.
Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.
Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата.
Дизајниран од нашата Рахила Илиев и Мартин Филиповски, новиот дизајн останува верен на македонското фудбалско наследство.
Резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.
Па така Мартин Филиповски, попознат како еден од близнаците од Некс Тајм се огласи по повод ова:
Среќен и горд што имав прилика да создадам модерен дрес за нашата фудбалска репрезентација ви благодарам од срце ФФМ.
Фала ти Рахила што заедно направивме убаво дело заедно сме посилни. Да живее Македонија