(ФОТО) Македонија има со што да се гордее – Андријана Јаневска најдобра меѓу светските пејачи на натпревар во САД
Андријана Јаневска е позната македонска пејачка, композитор и наставник по музика, виолина, солфеж, естрадно пеење, пијано и теорија на музика.
Редовно е вработена во Македонската опера и балет, како прва виолина. Освен виолина, свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години.
Во 2004 година дипломира со највисока оцена на Факултетот за музичка уметност во Скопје на вокално-инструменталниот оддел – отсек виолина, а во 2011 година магистрира со просек 10,00 на одделот за Музичка теорија и педагогија.
Има напишано многу композиции во доменот на популарната музика, а се јавува и како текстописец и аранжер на многу популарни песни.
Сега се закити со уште една врвна награда – односно ја извести македонската јавност за освоеното прво место на натпревар одржан во САД.
Чест ми е да Ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржувате!